Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов до Левица: За брзо ќе ве поканам на отворање на реконструираните студентски домови

    Попов до Левица: За брзо ќе ве поканам на отворање на реконструираните студентски домови

    26.11.2025 во 15:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На собраниската Комисија за финансирање и буџет, за збор се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој се обрати кон пратениците од Левица, кои не присуствуваа на седницата, а имаа поднесено амандман за Буџетот за 2025 година, за кој бараат реконструкција на студентски домови. Попов им порача дека веќе реконструкцијата на студентските домови се изведува.

    „Со оглед на тоа дека во овој момент ни се реконструираат студентските домови, јас ќе упатам порака до политичката партија која ги поднесува овие амандмани, а тоа е дека за многу брзо од денес ќе добијат од мене покана заедно да ги отвориме и промовираме реконструираните студентски домови, којшто во текот на наредната година ќе го добијат својот финиш’’, истакна Попов.

    Пратеникот жали што неискреноста на политичката партија Левица е на високо ниво и сакаат да ја замајуваат јавноста со ширење на невистини.

    „Не верувам дека намерата во поднесувањето на овој амандман е искрена, туку има за цел да се замајува јавноста, но тие работи не поминуваат бидејќи студентите знаат дека домовите им се реконструираат и што оваа Влада прави за нив’’, потенцираше Попов.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.