- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
Author: Author 03
Во моментов состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата е стабилна. Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица.Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна нивна интеракција со површинските води и појава на заезерување. Апелираме на претпазливо…
На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26 ноември 2025г. во Белград, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата. Фокус на овогодинешните дискусии беше ставен на стратешката важност изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција. Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес – тоа е геополитичка неопходност. „Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост…
Јелена Карлеуша често е во медиумите на тема одредени вербални напади од нејзините колеги. Пејачите обожаваат да коментираат за ликот и делото на Јелена, а Карлеуша често се соочува со нив. Таа сега одговори на изјавата на Тијана Дапчевиќ, која изјави дека повеќе не се пријателки и реши да ја замолчи. – Искрено, едвај знам која е таа личност… а камоли дека порано сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов во весник, но отиде предалеку, рече Јелена. Да потсетиме, Тијана изјави дека порано се дружела со Јелена, но дека тоа повеќе…
Како градоначалник на општина Гази Баба имам една цел, да работам исклучиво во интерес на граѓаните и да реализирам проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во нашата општина.Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата за репрезентација од буџетот на општината. Како и во изминатите четири години, така и во следните четири, сите…
Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но, она што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ја променивме во начинот на евидентирање на капиталните расходи. И покрај тоа што ја променивме методологијата, годинава имаме реализација заклучно со 13 ноември – 22 милијарди и 151 милион денари, наспроти 19…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната Национална конвенција за Европската Унија, остро ја критикуваше неспособноста на владата да испорача резултати во клучните реформски области. Тој укажа дека Европската комисија јасно нотирала сериозни слабости во правосудството, борбата со корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието. „Неколку сериозни забелешки има во делот на неспроведувањето на препораките за правосудството. Не се донесе ни Законот за парнична постапка, не е зајакната улогата на Судскиот совет, не е зајакнат ниту доследно се применува АКМИС системот за електронско управување со судските предмети“, рече Филипче. Посочи дека и борбата против корупцијата е заглавена, со…
„Јасно е дека единствениот пат напред за земјава се европските интеграции“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на Националната конвенција за Европската Унија, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Филипче истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години. „Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската Комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е констатирано во извештајот дека изминатата година реформи нема. Мислам дека го кажав тоа и на претходниот состав на Националниот Совет – дека единствен полош извештај е 2015…
Денес во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е прогласена вонредна ситуација. Многу деца од пониските одделенија имаат симптоми на повраќање (околу 80 деца). Ретко се јавуваат случаи и кај ученици од повисоките одделенија, па дури и кај наставнички, стои во ФБ објавата на Независни за Карпош. Сè уште нема информација за причината – дали станува збор за вирус, труење од храна или евентуално труење од вода. Во моментов на терен се екипи од Водовод и од Санитарно-здравствени инспекции и се земаат примероци. До официјален став ќе помине време, бидејќи се чекаат резултатите од анализите. Од училиштето велат дека ќе постапат според…
Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки. Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена. -Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и…
