Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41

    Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните

    07.07.2026 во 21:39

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
    • По подолго време пад на трошоците на живот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕК подготвена да поднесе законски предлог за „заемот за репарации“ за Украина

    ЕК подготвена да поднесе законски предлог за „заемот за репарации“ за Украина

    26.11.2025 во 15:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија работи на „заемот за репарации“ за Украина и е подготвена да презентира законскиот предлог за оваа иницијатива, најави денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

    – Во тек се дискусии со земјите членки за оваа тема. Дискутираме врз основа на писмото што претседателката Урсула фон дер Лајен го испрати до земјите членки пред неколку дена. Добиваме повратни информации од земјите членки и врз основа на тоа, со јасните повратни информации, подготвени сме да поднесеме законски предлог, изјави Пињо на денешната прес-конференција во ЕК.

    Таа потсети дека во писмото што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатиот понеделник го испрати до лидерите на земјите членки на ЕУ, посочи три можни опции за обезбедување на средства за покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, од кои една е и т.н. „заем за репарации“.

    – Претседателката од самиот почеток беше многу јасна дека на „заемот за репарации“ гледа како на најреален начин за обезбедување на средствата. Тоа е во согласност со она на што претседателката отсекогаш инсистира дека Русија, како агресор, треба да плати за неверојатната штета што ја предизвика во Украина. „Заемот за репарации“ е токму опцијата што го исполнува овој услов, рече Пињо.

    На прашање дали ЕК подготвува „законски предлог“ само за „заемот за репарации“ или и за другите две опции – грантови од земјите членки на доброволна основа и задолжување на ЕУ на пазарите на капитал – Пињо истакна дека тоа ќе зависи од повратните информации што Комисијата ќе ги добие од земјите членки.

    Фон дер Лајен претпладнево на дебатата во Европарламентот посветена на ставот на ЕУ за предложениот мировен план за Украина и за ангажманот на Унијата за постигнување праведен и траен мир, истакна дека „заемот за репарации“, односно искористување на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, е најдобрата опција за покривање на финансиските потреби на земјата за 2026 и 2027 година. Со ова, според неа, би се избегнало европските даночни обврзници сами да го сносат трошокот од поддршката за Украина.

    Претседателката на ЕК сепак потенцира дека користењето на замрзнатите руски средства мора да се направи со почитување на утврдените правила и на европското и меѓународното право.

    Иницијативата за исплата на „заем за репарации“ на Украина во износ од 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства, Еврокомисијата ја предложи на октомврискиот Самит на ЕУ, но нејзиното усвојување беше блокирано од Белгија.

    Белгија, каде се наоѓаат најголемиот дел од замрзнатите руски средства, односно речиси 180 милијарди евра, се противи на ваквиот план, тврдејќи дека нивното користење би можело да го нарушил нејзиниот углед како сигурен депозитар и да резултира со повлекување на депонираните странски средства. Дополнително, Белгија изразува загриженост и околу легалноста на таквата постапка и бара цврсти гаранции од други земји членки на ЕУ дека ќе ја споделат одговорноста доколку некогаш се дојде во ситуацијата искористените пари од сега замрзнатите средства да треба да ѝ се вратат на Русија.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11

    Работници пронашле коски под такси-постојка – Полицијата започна итна истрага во Сараево

    07.07.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.