Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМЕ: СДС стана трета опозициска партија

    ВМРО-ДПМЕ: СДС стана трета опозициска партија

    26.11.2025 во 11:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС на чело со Филипче не само што не може да се спротивстави и да биде конструктивна опозиција во Македонија туку падна на ниво да биде трета опозициска партија, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

    Кога Венко Филипче зборува за страв веројатно мисли на себе и стравот од спротивставување на влијанијата кои ги има Заев во неговата партија.

    Филипче делува како продолжена рака на Заев и без одобрение на Заев не смее да одржи ниту состанок во СДС а не пак реформи и демократизација на партијата.

    Приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев.

    Дека Филипче делува по насока на Заев, потврда е изборот на лојални кадри блиски до Заев и неодамнешното поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

    Филипче ја турка СДС во лидерска криза, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство. Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата.

    На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.