- Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители
- Падна Фејсбук: Корисниците пријавуваат сериозни проблеми, апликацијата не се вчитува
- Македонец уапсен во Албанија
- Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
- Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
- Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
Author: Author 03
Речиси половина милион овци и кози, односно точно 479.821 грла добиток, се умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради ширење на сипаницата. Според официјалните податоци од грчкото Министерство за земјоделство и Националната научна комисија, во овој период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Само во последната недела од извештајот се регистрирани 11 нови случаи во седум различни региони. Од надлежното министерство нагласуваат дека почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува единствениот начин за ограничување на болеста. „Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од…
Британската монархија се соочува со досега невидена криза. Поранешниот принц Ендру, кој веќе подолго време е во центарот на скандалите поврзани со Џефри Епстин, стана првиот висок член на кралското семејство во модерната историја кој е уапсен. Паралелно со правните проблеми, медиумите пренесуваат дека тој е и првиот член кој бил целосно изоставен од тестаментот на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора. Кралското семејство се дистанцира Додека правниот притисок расте, Бакингемската палата зазеде остар став. Принцот Вилијам и принцезата Кетрин јавно изразија загриженост за новите откритија и содржината на досиејата поврзани со случајот Епстин. „Можам да потврдам дека принцот и…
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство, велат од МЗШВ.
Нова градинка за 200 деца се гради во Бутел и е речиси во завршна фаза, но без точни информации кога ќе биде завршена и кога првите дечиња же бдат згрижени во неа. Денеска, на увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2 беа градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковск – Градежните активности напредуваат со одлична динамика и се во завршна фаза. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот…
Педесетгодишен скопјанец е уапсен откако направил сериозен инцидент пред маркет во населбата Ѓорче Петров, каде нападнал две лица, а потоа со закани ја внел својата поранешна партнерка во автомобил и физички ја нападнал. Настанот се случил на 18 февруари околу 22:50 часот. Полицијата го привела П.Г. (50) од Скопје по пријава дека пред маркет најпрво физички ги нападнал В.С. (40) од Скопје и С.В. (51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој потоа со закани ја натерал својата 44-годишна поранешна партнерка да влезе во неговото возило, по што физички ја нападнал. При проверките било утврдено дека осомничениот бил под дејство на…
Институтит за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако беше спомнато дека може ќе се намалува бројот на студиски програми на кои се запишани двајца до пет студенти. -Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар…
Доаѓањето на пролетта годинава носи многу повеќе од само промена на годишното време – тоа носи длабока енергетска промена и преминување во целосно нова фаза од животот. За четири хороскопски знаци, ова е моментот кога тркалото на судбината се врти во нивна корист и конечно ќе почувствуваат многу среќа. Риби: Емоционално исцелување и судбински средби За Рибите, пролетта означува крај на долг период на внатрешно чистење и емоционално оптоварување. Кармата сега ви ја враќа цела нежност и разбирање кои несебично сте им ги давале на другите, дури и кога сте се чувствувале погрешно сфатени. Будењето на природата, неверојатната леснотија на…
Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова. Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата. – Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното…
Портпаролката на Влада, Марија Митева му возврати на Андреј Жерновски од СДСМ . „Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори,…
Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино. Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во…
