- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. Следната недела минималната темература ќе биде во интервал од -4 до осум степени, а максималната од осум до 20 степени.
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците. „Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето на слободни интернет зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и…
Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за која…
Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Тешкото секојдневие, високите сметки и цените на храната ги доведоа работницичките семејства на работ, тие не можат да врзат крај со крај. Над 200 илјадници работници…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи и…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67 382,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 год. која изнесува 66 413,00 денари е зголемена за 969,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец февруари изнесува 82 757,00 денари.
Вистински џентлмен: Тошковски и држеше чадор на геманската амбасадоркА
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица. Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот, неовластено набавил марихуана, ја препакувал и ја продал на едно лице од Охрид, која му била пронајдена при преглед во неговото патничко возило.
На 19.02.2026 во 13:15 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ф.З.(27) од селото Длапкин Дол, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
