Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ

    Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ

    20.02.2026 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.


    Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за која според Катевеновски била осудена поради политички причини, а не правни последици.

    Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

    Откако тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите, затоа што не сакал да избрза со одлуката, на него не му останало многу време, туку веќе утредента Судскиот совет го разрешува Катевеновски.

    Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДС и ДУИ.

    Почитувани граѓани,

    Секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен Врховен судија отворено говори за начинот на кој СДС и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата.

    Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив – или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има!, изјави Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.