Author: Author 03

Локалните избори 2025 кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир, стои во соопштението испратено до медиумите.

Повеќе

СДСМ со длабока загриженост ги следи контрадикторните сигнали што ги испраќа актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски. „Додека официјално се изјавува дека Северна Македонија е стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во срцето на владата седи Иван Стоилковиќ, вицепремиер и најблизок соработник на Мицкоски, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата“, реагираат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Ова не е само политичка хипокризија, ова е директно загрозување на националната безбедност и иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ. Уште полошо, самиот премиер Мицкоски, и покрај…

Повеќе

Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност, изјави на вчерашната прес-конференција премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики.Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива…

Повеќе

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред се наоѓа верификација на пратенички мандат, по именувањето на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе законски решенија, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање. Како што е наведено во образложението, целта на предложените измени на Кривичниот законик е надминување на утврдените слабости во постојните одредби и постапување согласно Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година. Пред пратениците денеска ќе се најдат и Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво…

Повеќе

Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се родил на 10 март 1926 година, во Штип, од православни родители Методиј (подоцна монах Кирил) и Гора Парнаџиеви. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Уште како млад се одликувал со посебна кротост и послушност. Потоа се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. После дипломирањето, во 1955 година, четири-пет години работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај работата во училиштето, Мијалче, заедно со својот татко Методиј, работел и како скулптор. Вo 1963 година заминал на Света…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните утрински температури ќе се движат од –13 до –5 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од –4 до 3 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во претпладневните часови во делови од котлината повремено засилен ветер…

Повеќе

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Повеќе

Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж за попречување на текот на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, станува збор за шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој бил приведен и однесен на распит поради сомнежи дека се обидел да ја попречи истрагата поврзана со оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“. Истражители од елитната полициска единица за тешки кривични дела „Лахав 433“ утрово извршиле претрес во домот на Браверман, по што тој бил приведен и однесен на испрашување во седиштето на единицата во градот Лод, под…

Повеќе

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, Грција, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните. Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и на вратот. Таа била свесна и со брза помош била пренесена во болницата „Папаниколау“.

Повеќе

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, до 11 часот гласале 3.553 избирачи, што претставува 3,32 проценти од вкупно 128.286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК). Според објавените податоци, највисока излезност е регистрирана во општина Маврово и Ростуше, каде правото на глас го искористиле 624 граѓани, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи. Во Гостивар до 11 часот гласале 1.937 избирачи, што е 3,14 проценти. Во Врапчиште гласале 834 граѓани, односно 3,02 проценти, додека во Центар Жупа гласале 168 избирачи, што претставува 2,22 проценти од…

Повеќе