Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три банки ги исплатија пензиите пред утрешниот празник
    • Линијата 37 од први септември преоѓа на зимски возен ред, известуваат од ЈСП Скопје
    • Возеле со речиси 180 на час кај Демир Капија: „Безбеден град“ ги сопре на Табановце, па завршија со лисици на раце
    • Малолетниците FB и Instagram ќе може да користат само 2 часа дневно – што значи новата спогодба на Мета
    • Ќе лежат 10 години: Киднапирале момче од Неготино и го присилувале да признае дека силувал жена
    • Македонија врие: Живата на термометарот во 11 часот надмина 35 степени
    • Стојаноски: Школскиот прибор поевтинува за 10% на големо и 15% на мало, ќе важат јасно означени цени
    • Нова жртва на западнонилската треска – скопјанец почина на Инфективна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:032 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проширувањето на ЕУ не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, во рамки на бугарското претседавање со иницијативата.

    МНРиНТ

    Муцунски нагласи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер ризици, европската интеграција и регионалната соработка имаат уште поголемо стратешко значење. Кредибилитетот на процесот зависи од доследното почитување на обврските, предвидливоста и принципот на заслуги.

    „Мора да бидеме искрени: заслугите мора да имаат значење, обврските да се почитуваат, а правилата на процесот да бидат предвидливи. На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на одложувања“, истакна Муцунски.

    Состанокот во Софија, посветен на 30-годишнината од ПСЈИЕ, ги истакна европската перспектива на регионот, регионалната соработка, безбедноста, економскиот развој и конкурентноста. Муцунски посочи дека ПСЈИЕ останува клучен механизам за политички дијалог и соработка, создаден и воден од регионот.

    Министерот нагласи и значењето на регионалната поврзаност преку транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура, особено Коридорите 8 и 10, како и инвестирањето во човечкиот капитал како предуслов за долгорочен развој и конкурентност.

    „Човечкиот капитал е нашиот најголем ресурс. Без инвестирање во луѓето, ниту еден инфраструктурен проект и ниту една економска реформа не можат да го достигнат својот целосен потенцијал“, рече Муцунски.

    Советот за регионална соработка, како што истакна, игра важна улога во унапредувањето на економската интеграција, поврзаноста и одржливиот развој.

    На крајот, министерот порача дека иднината на Југоисточна Европа е неразделно поврзана со иднината на Европа и дека регионот може да биде активен придонесувач кон европската безбедност и просперитет.

    Во рамки на состанокот беше усвоена Заедничка декларација за поддршка на европската интеграција, добрососедските односи и демократските вредности, како и за градење поотпорен, поконкурентен и поодржлив регион.

    ПСЈИЕ, основана во 1996 година во Софија, останува автентична регионална платформа за политички дијалог и соработка, која во изминатите три децении значајно придонела кон довербата, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Линијата 37 од први септември преоѓа на зимски возен ред, известуваат од ЈСП Скопје

    27.08.2026 во 12:59

    Возеле со речиси 180 на час кај Демир Капија: „Безбеден град“ ги сопре на Табановце, па завршија со лисици на раце

    27.08.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.