Author: Author 03

Во Собранието се доставени предлозите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, предложени од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет. Во јавноста е позната и како поранешна членка на Комисијата за помилување. Сузана Јошевска-Анастасовска е адвокатка со повеќегодишно искуство, со посебен фокус на кривичната материја. Предлозите доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, со кој се воведуваат измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста, поголема јавност…

Повеќе

Обилните снежни врнежи целосно ја парализираа Москва, каде што во текот на денот се очекува значително зголемување на снежната покривка. Според најавите на Рускиот хидрометеоролошки центар, снегот би можел да достигне висина од 15 до 20 сантиметри, што е блиску до рекордните вредности измерени во 1956 година. Метеоролозите предупредуваат дека количината на врнежи во текот на денот најверојатно ќе го надмине рекордот од 1976 година, кога биле измерени 12,9 милиметри, а под сериозна закана е и јануарскиот максимум од 23 милиметри регистриран во 1970 година. Како главна причина за екстремните временски услови се посочува силен средоземски циклон кој донесе нестабилно…

Повеќе

Двајца 30-годишни мажи од Скопје синоќа се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица кај Гостивар, потврди СВР Тетово. Од полицијата велат дека случајот бил пријавен синоќа пред полноќ, но детали не се соопштуваат. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција која ќе треба да ги открие причините за смртта.

Повеќе

Мицкоски и ДПМНЕ не сакаат дијалог туку им треба алиби, покритие за нивното сценарио кое СДСМ веќе го разобличи. Избори, а потоа мигранти, зад што се крие обид за бегство од одговорноста за криминалот и корупцијата, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Ова е единствената причина за којашто Македонија се држи изолирана и надвор од ЕУ.Подадената рака ја прифати ЗНАМ. Нив ги купивте. Затоа и постои тендер коалицијата. „Консензус“ на овој начин не можеме да правиме од две причини: прво, ние не сакаме да ја изолираме Македонија; и второ, не сме на иста страна на законот. Нема…

Повеќе

Движење ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост ја следи реториката и однесувањето на Венко Филипче. Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на партиската фотелја. Жалиме што некогашната државотворна партија, наместо да делува како силна, конструктивна и иницијативна опозиција која предлага решенија и води суштински дебати за иднината на државата, се служи со вулгарен и уличен вокабулар, оддалечувајќи се од вистинскиот политички дијалог, реагираат попладнево од ЗНАМ по денешниот брифинг на Венко Филипче. Ваквото однесување и реторика на Филипче и СДСМ, предизвикува историски транфер на разочарани членови од…

Повеќе

Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата ќе трае шест часа и ќе започне во 17 часот по македонско време, односно во 18 часот по локално време. Според најавите, преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез од Грција до полноќ по грчко време, односно до 23 часот по македонско време. Забраната ќе важи за сите категории возила – товарни, патнички автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне го блокираа Евзони во истиот временски период. Во однос на наредните денови, одлуките ќе се носат во последен…

Повеќе

Сопствениците на швајцарскиот ски-бар во Кранс-Монна, кој беше зафатен од смртоносен пожар, денес се појавија на сослушување во канцеларијата на државниот обвинител. Станува збор за брачниот пар Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика Морети (40), кои се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и палење од небрежност, објави „Дејли меил“. Морети беа фотографирани при пристигнувањето во Сион, главниот град на кантонот Вале. Џесика Морети била видливо вознемирена и во солзи додека минувала покрај собраните фотографи. Набргу по нивното пристигнување беше соопштено дека Жак Морети, еден од ко-сопствениците на барот „Ле Констелејшн“, е приведен. Извори за…

Повеќе

На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, информираше на социјалните мрежи претседателката Гордана Сиљановска Давкова на ФБ. Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот. Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината, стои во објавата на претседателка.

Повеќе

ГЛАСОТ НА МАКЕДОНИЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ – „СИЛЈАН“ ЈАОСВОИ НАГРАДАТА ОД ПУБЛИКАТА НА CINEMA EYE HONORS Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција.  „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена. Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и…

Повеќе

Жената која предпладнево беше прегазена близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје попладнево почина, соопштија од Ургентниот центар. Како што претходно соопшти МВР, возачот кој ја удрил 75-годишната жена возел со голема брзина, а потоа избегал од местото.

Повеќе