- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Стотици скијачи се собраа на снежна падина во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што заедно формираа облик на срце во знак на сеќавање на жртвите од смртоносниот пожар за време на новогодишната ноќ во локалнииот бар „Ле Констелејшн“, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Иницијативата беше предводена од Швајцарското училиште во Кран-Монтана и различни скијачки клубови од регионот. На нив им се приклучи и Туристичко-конгресната организација на Кран-Монтана.
Честит Бадник! Нека денешниот празник, кој е симбол на надежта и оптимизмот, донесе здравје, радост и благосостојба во секој дом, стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Бадниковата вечер не потсетува на вистинските вредности кои нè прават подобри луѓе и посилно општество – солидарноста, грижата за ближниот и заедништвото. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за Христовото раѓање. Честит и вековит Бадник!, стои во објавата на Филипче на фб.
Со радост и длабока почит кон традицијата, еден од најтоплите и најсветли празници во нашата духовна ризница, Бадник, нè потсетува на тишината пред големата радост, на семејното собирање, смирението, љубовта и надежта, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Тоа е ден кога срцата се отвораат, кога домот станува храм, а заедништвото наш најголем благослов во пресрет на Христовото раѓање. Денес имав чест да присуствувам на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде со достоинство и верба се сподели благословената погача, се делеа Бадниковите гранчиња кои се симбол на животот, мирот и новиот почеток.…
На 05.01.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 05.01.2026 година во 15:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Блато“, од слобода го лишија А.Г.(28) од Булгиза, Република Албанија, кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда“. А.Г. е пренесен и задржан во ОВР Дебар, за натамошна постапка.
На 05.01.2026 година во 12:50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека Д.У.(45) од Кичево, при изведување градежни работи на куќа во Кичево, паднал, по што бил пренесен во Општата болница во Кичево за укажување на помош.
На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.
На 05.01.2026 година во 22 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Живко Туфекџиоски“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две малолетни лица при што, едното се здобило со телесни повреди. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок
Секако дека ги осудуваме сите кои се како Мадуро и како Мицкоски, реагираат попладнево од СДСМ. „Ние засега можеме само со зборови да осудиме, а се надеваме дека вам наскоро ќе ви се суди според законите на оваа држава, за да не мора да доаѓаат по вас, како што дојдоа по Мадуро. Ве осудуваме за мигранти за пари и за предавство на Македонија. Ве осудуваме за 161 тендер за една компанија, за 9 милиони евра за друга, за 1,2 милиони евра тендери од Пошта. Ве осудуваме за Резолуцијата за забрана за говор по примерот на Хитлеровиот декрет. Сите 65 пратеници…
Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта. -Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. -По…
