- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
- Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
- Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
Author: Author 03
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја. Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари, пишува на социјалните мрежи сопругата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, откако претходно СДСМ ја обвинија дека носи чанта од 30.000 евра. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта. Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно. Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно. Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот. Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации!, стои во објавата на сопругата на Ѓорѓиевски.
Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ. Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“. Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари, реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај и мора да проестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи. Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и…
Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9,7 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8…
Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок“, вели во својата објава…
Градежен работник од Велес починал вчера, откако врз него паднал метален профил. Како што информира МВР, станува збор за Е.А. (23), а несреќата се случила во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на фабрика. Според МВР, Е.А. од здобиените повреди починал на самото место. Случајот бил пријавен вчера во 15:00 часот, во СВР Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај. Наскоро ќе започне и уредувањето на…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји. Министерот Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста. Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на економската, трговската и стратешката соработка меѓу двете држави, при што сајбер-безбедноста и дигитализацијата се меѓу клучните столбови на овој дијалог. Министерството за дигитална трансформација продолжува да гради партнерства и да работи на зајакнување на националните капацитети за сајбер-заштита,…
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош. Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во…
Во услови кога младите во Северна Македонија се соочуваат со ограничени можности за активно учество во процесите на донесување одлуки и недоволно развиени механизми за нивно системско вклучување во креирањето и спроведувањето на политики, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ја спроведува четиридневната обука „Млади за локален мир и учество“, која се одржува од 19 до 22 февруари 2026 година во хотел Романтик во Велес. Обуката е дел од проектот „Youth Connect: Building Inclusive Participation through Local Partnerships“, кој…
