Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ. Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“.  Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари, реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.

    Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај и мора да проестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи.

    Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и небезбедни автобуси. 

    Очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти.

    Луксузирање со авиони врз грбот на народот оди со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари.

    Што мислат граѓаните на Скопје за овој „луксузно-моден патриотизам”? 

    Што мислат работниците, земјоделците,  граѓаните за оваа аздисаност?

    Само нека не се вадат на тоа е фејк или поклон. Може да биде поклон само од Орце.

    После толку криминални тендери поврзани со Пирамид билдинг и Ленди груп, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.