Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

    29.10.2026 во 13:46

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38

    Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка

    29.10.2026 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката: Владиното авионче колегите ми го нарекуваат авиончето на браќата Рајт

    Претседателката: Владиното авионче колегите ми го нарекуваат авиончето на браќата Рајт

    19.02.2026 во 14:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова.

    Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата.

    – Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државна работа, а е и поевтино од користењето на комерцијален лет. Па, сега не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо дваесет и пет години, а е купено на старo, рече претседателката во одговор на новинарско прашање по завршување на настанот за одбележување на мајчиниот јазик.

    Таа додава дека неjзините колеги претседатели сметаат оти е многу порационално и многу поевтино да се има поголем авион, од, како што истакна, нашето најмало авионче, бидејќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат.

    – А и ни замеруваат и јас знам дека тоа е мој голем хенгдикеп што со нас нема новинари, а со нив има и новинари. Новинарите понекогаш доаѓаат со нив, рече претседателката Сиљановска – Давкова

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

    29.10.2026 во 13:46

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.