Author: Author 01

Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за сега веќе разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски рече дека станува збор за доктор со импозантна биографија. „Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија која што многу ретко ја има генерално на Балканот. Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот. И…

Повеќе

Судиите со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, вели премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој денеска најави дека по завршување на локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем. „Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет“, рече Мицкоски кој денеска беше на средба со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија. Премиерот нагласи дека неговата критика не се однесува на сите и вели дека меѓу нив…

Повеќе

Министерот за здравство лично смета дека потребни се токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски. Меѓутоа, Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12-те здравствени закони кои се менуваат во овој момент. „Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да…

Повеќе

Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија. Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи. Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при…

Повеќе

Судот смета дека не се контрадикторни вештачењата на одбраната и Обвинителството за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штикли и ги одби наводите на одбраната дека тој не е способен да го следи судењето на главна расправа за случајот за трговија со дрога „Штекли“. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, пред почетокот на денешното рочиште информираше дека се одбива приговорот на одбраната дека обвинениетиот не е способен да го следи судењето на главна расправа. Според Судот, обвинениетиот Раде Трајковски Штекли е прегледан од психијатарот Оливера Суботин Поповска, која дава јасно мислење дека обвинетиот е способен да го следи судењето…

Повеќе

Оваа Влада има полн легитимитет. Повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можни предвремени парламентарни избори рече дека неговата ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси ги става пред партиските. -Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и би рекол, национални испади, немаат друга програма. Па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствената работа која можат во овој момент да ја зборуваат е да повторуваат „предвремени избори“. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат во 2021 на локалните избори, па беше во опозиција до парламентарните избори. Убедливо…

Повеќе

Шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Пресудата беше изречена без негово присуство во судницата во Кривичниот суд. Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари. Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични…

Повеќе

На 12.10.2025 во 15:10 на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105…

Повеќе

На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија. На 12.10.2025…

Повеќе

Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини. На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. …

Повеќе