Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу лично смета дека е потребна токсиколошка проверка на лекарите: Правно не знам дали може да се дефинира

    Алиу лично смета дека е потребна токсиколошка проверка на лекарите: Правно не знам дали може да се дефинира

    13.10.2025 во 15:43Updated:13.10.2025 во 17:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство лично смета дека потребни се токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски. Меѓутоа, Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12-те здравствени закони кои се менуваат во овој момент. 

    „Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.

    Сега веќе разрешениот директор на Клиниката за неврологија Кузмановски, од март годинава работел со истечена лиценца. Министерот Алиу најави дека неколку комисии, покрај Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат работат  на утврдување на тоа дали и какви прегледи правел Кузмановски во периодот додека бил без лиценца.

    Иако не е сигурен дали токсиколошките анализи може да станат законска обврска, министерот Алиу најави дека ќе побара во „Мој термин“ да се вметне рокот на лиценцата на лекарите и системот да им забранува логирање во моментот кога ќе им истече важноста на лиценцата.

    Прочитај повеќе

    Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица

    08.10.2026 во 10:44

    Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос

    08.10.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.