Close Menu
Press24
    Најново

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори

    29.10.2026 во 09:10

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници

    Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници

    08.10.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Авиосообраќајот во земјава бележи значителен раст, што според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на политиката на субвенционирање воведена во 2024 година, а која започна да се применува во 2025 година.

    Николоски посочи дека бројот на патници на двата македонски аеродроми континуирано расте. Во јули годинава сообраќајот бил зголемен за 21 отсто во споредба со истиот месец лани, додека во август растот достигнал 31 отсто.

    Според него, кога актуелната Влада го започнала мандатот, двата аеродроми заедно имале околу 2,4 милиони патници годишно. Наместо очекуваните 3,2 до 3,3 милиони патници до крајот на првиот мандат, бројката од три милиони е достигната за само една година, а годинава се очекува да биде достигната границата од четири милиони патници.

    Николоски истакна дека Скопскиот аеродром е една од најзначајните бази на „Визер“ во Европа, а авионите кои преноќуваат во Скопје се од поновиот тип „Airbus A321neo“, кои, според него, имаат пониска емисија на штетни гасови.

    Раст бележи и Охридскиот аеродром. Според Николоски, годинава се очекуваат меѓу 350.000 и 400.000 патници, што значително ги надминува проекциите поставени при доделувањето на концесијата. Тој најави и можност „Визер“ да ја прошири својата база во Охрид со дополнителен авион.

    Во однос на новите авиолинии, Николоски информираше дека се прецизира отворањето на директната линија Скопје–Дубаи. Според него, воспоставувањето на оваа линија би било значајно за деловниот сектор и за туристичкиот потенцијал, особено имајќи го предвид растечкиот интерес на европските компании и туристите за Обединетите Арапски Емирати.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори

    29.10.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.