Author: Author 01

33-годишен маж е ликвидиран доцна синоќа во познатата населба Белград на вода. Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ, родум од Цетиње. Застрелан бил со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Како што јавуваат српските медиуми, убиецот е пронајден. Се работи за извесен Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола, но и словенечки документи за кои се верува дека се фалсификувани. View this post on Instagram A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_) По Ивановиќ трагал Интерпол. За него била распишана меѓународна потерница откако на 4 декември минатата година побегнал од куќен притвор во Белград. Во Србија против…

Повеќе

Истражувачите предупредуваат за безбедносен пропуст што им овозможува на апликациите да „гледаат“ што се прикажува на екранот, дури и без посебни дозволи. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Вашингтон и Карнеги Мелон открија нова ранливост во Android системот што им овозможува на апликациите тајно да собираат податоци од екраните на корисниците, вклучувајќи еднократни двофакторски кодови за автентикација (2FA). Нападот се нарекува Pixnapping и засега нема официјален patch. Според нивниот извештај, злонамерната апликација може да користи специфични графички (GPU) и системски процеси за да ги фати поединечните пиксели на други апликации и да реконструира текст, слики, па дури и кодови за најавување…

Повеќе

На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од с.Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Имено, при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација. Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,24 Анализа“ на телевизија 24. Лефков зборуваше на темата за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека сега, локалните самоуправи имаат поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од претходно кога власта на СДС и ДУИ работеше на принципот ‘како до сега’, а според него, капиталните инвестиции се вадеа од ракав. Лефков ја наведе излезноста на локалните избори како најважен параметар. „Излезноста на парламентарните избори секогаш е поголема отколку на локалните избори. Ние на претходните локални избори имавме над 290 илјади гласа за советнички листи, над 320…

Повеќе

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека Украина и Русија не се подготвени да склучат мировен договор, и покрај „енергичната дипломатија“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Според него, војната меѓу Русија и Украина продолжува и покрај месеците преговори, бидејќи ниту една страна не е подготвена да постигне мировен договор, пренесува Њузмакс( Newsmax). „Енергичната дипломатија на претседателот на САД не може да ги натера луѓето да ја преминат линијата од еден метар, на крајот на краиштата, мора да има две страни кои се подготвени да постигнат договор. И токму сега, со сите наши напори, кои ќе продолжиме да ги преземаме, Русите…

Повеќе

На седница на Градскиот совет на Дубровник, градоначалникот на тој град, Мато Франковиќ, предупреди на алармантното ниво на консумација на дрога во градот, особено кокаин. Тој исто така истакна дека во Дубровник „кокаинот се шмрка на секој агол“, а количините што се консумираат месечно би можеле да се мерат во камиони, а не во грамови. Франковиќ рече дека ова е сериозен општествен проблем што Советот за превенција на криминалот мора итно да почне да го решава. „Количината на амфетамин, екстази и други таблетки и апчиња што им се достапни на младите е огромна. Се надевам дека Советот за превенција на…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 информираше дека сите зелени површини на територија на Центар се евидентирани во ГИС порталот, кадешто има над 10.000 садници. „Имаме ГИС портал кадешто во моментов се детектираат сите зелени површини во градот. Имаме над 10.000 садници коишто се со слика. Може да го отворите порталот, јавно достапен е, на истиот да ги видите сите оние садници кои се исликани на територијата на Општина Центар“, рече Герасимовски. Тој потенцираше дека овој ГИС портал се проширува за повеќе можности. Со регистрација…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола…

Повеќе

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, и она што го истакна е тоа дека во првите 72 часа со поддршка на Град Скопје и градоначалникот иден на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција ќе пристапат кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со предизвиците во делот на чистотата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Она што Стаменкоска Трајкоска го најави е тоа дека во текот на нејзиниот четиригодишен мандат, ќе се…

Повеќе

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени“ истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град, се наведува во соопштението од СДСМ. „Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, долга 13 километри со 21 станица, може да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година“, изјави Шукова. Таа посочи дека ова е најзначајниот инфраструктурен проект во…

Повеќе