Author: Author 01

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…

Повеќе

Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација. Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево. Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.…

Повеќе

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи. На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. „Прво би сакал да ве информирам дека во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од нас 3%. Оваа Влада беше избрана…

Повеќе

„Граѓаните и патниците се изложени на ризик, Македонија изгледа несериозно пред светот, а институцијата која треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.“ Ова денеска го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи дека расипаниот радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром е последица на партизацијата и неспособноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кузеска посочи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизации, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји. „Ова не е само технички дефект, ова е резултат на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста,“ рече таа.…

Повеќе

Обвинетата докторка Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”, доколку во наредните пет години не го повтори делото. Таа призна вина на судското рочиште кое се одржа на почетокот на септември. Со тоа прстот го впери кон поранешниот директор Нино Васев. Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите. Докторката се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти. Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво. Од друга страна пак,…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во  утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. …

Повеќе

На 21.09.2025 во 17:09 часот на ул.„Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(71) од Битола. При радарска контрола, полициските службеници утврдиле дека тој управувајќи патничко возило „голф” со германски регистарски ознаки се движел со брзина од 105 км/ч на место каде дозволено е 50 км/ч. По документирање на настанот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

Повеќе

Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица? Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од…

Повеќе

Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност е 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво е 11.9 µg/m³, велат од Министерството за животна средина. Резултатите покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје, согласно Уредбата за квалитет на амбиентниот воздух.

Повеќе