Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

    Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

    21.10.2025 во 13:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска  не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси.

    Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. 

    – Тоа важи за краткорочните договори, колку што ми е познато, но бидејќи го ставија од 1.1.2027  година мислам дека ќе има уште некое подобрување. За долгорочните не влијае ништо тука. Македонија  троши 500 илјади метри кубни што не е голема количина. За од 2027 година веќе работиме на гасоводот со Грција, дотогаш би требало да биде готов  и мислам  дека  нема да има проблем бидејќи тоа ќе се решава на европско ниво, значи на ниво на ЕУ сите тие што нема да можат и ќе треба да бараат алтернативи. Во Брисел ќе има разговори и ќе се пронајде алтернативно решение секако, рече Божиновска, на прашањето дали треба да сме загрижени за новата одлука на ЕУ за забрана на транзит на европски гас со оглед на тоа што Александрополус не работи?

    И во случај ако не го направиме гасоводот и не работи Александропулис  потенцираше дека не треба да се грижиме и оти нема да останеме без гас. 

    – Ќе има  решение на ниво на ЕУ, секако дека никој нема да не остави без гас, бидејќи тоа е исто и за Европа и за сите држави и не треба да не загрижува. Ние сме многу мали во однос на тоа што го трошат сите, рече Божиновска. 

    Таа потврди дека државава уредно ги плаќа фактурите за годишен закуп на капацитет во новиот терминал во Александрополис иако не работи. 

    – Можам да ги прашам колегите во ЕСМ, колку што знам не работеше, а ние ги плаќаме уредно  фактурите, кривични пријави беа поднесени и немаме инфорација дека нешто  е процесуирано. Се плаќаат 250.000 евра месечно, тоа е договор склучен на 15 години и мора да се плаќа, рече Божиновска.

    Како што посочи, времето ќе покаже дали се плаќа за бадијала. – Тоа треба да се види сега засега плаќаме нешто што ниту сме можеме да го користиме, ниту годинава ќе го користиме. Има ангажирано правни служби кои работат на тоа. Според тоа што е потпишано не може да се раскине договорот, рече Божиновска. 

    Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси, откако во четвртокот документот со огромно мнозинство беше одобрен од комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за меѓународна трговија на Европскиот парламент .  

    Целта на Регулативата е да се стави крај на зависноста на Унијата од руските енергенси и да се спречи во иднина Русија да ги користи гасот и нафтата како средство за притисок.  

    Со предложената регулатива се предвидува од 1 јануари 2026 година да почне постепената забрана за увоз на руски енергенси, со што од 1 јануари 2028 година би уследила целосна забрана за увозот на природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од Русија. Во овој период би продолжил увозот договорен пред 17 јуни 2025 година и тоа до 17 јуни 2026 година за краткорочните договори и до 1 јануари 2028 година за долгорочните.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.