Author: Author 01

Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја која штотуку ја губеше својата перспектива, да го чувствувам немирот кај моите дома, но и наоколу, за неизвесноста околу нашата држава и иднина, но и доволно доцна за да ги почувствувам сите нејзини последици. Нашите родители чинам, беа последната генерација која веруваше дека системот, со сè негово, барем обезбедува некаква предвидливост. Но, ние бевме генерацијата, оние првите, што растевме без неа, вели во отвореното писмо Луке Галески, директор на Центарот за комуникации и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кое го…

Повеќе

На 16.10.2025 година во 20:45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на Џ.Ш.(43) од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана. Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва завршен централен митинг ќе имаат во Охрид, а СДСМ и коалицијата својата програма ќе…

Повеќе

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14…

Повеќе

Конвој возила на косовските безбедносни сили (КБС) поминала низ Северна Митровица. Колоната возила била беше снимена од граѓани, а снимката беше објавена на социјалните мрежи. Според договорот од 2013 година, припадниците на КБС не можат да влезат на северот на Косово без дозвола од командантот на КФОР. Косовските безбедносни сили тврдат дека нивните членови „по грешка“ влегле утрово во Северна Митровица. Како што е наведено во соопштението, за време на движењето на колоната со возила на КБС од исток кон јужниот дел на Северна Митровица, членовите на КБС тргнале во погрешна насока.

Повеќе

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари. „Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за Одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови, со што се создаваат подобри услови за работа и третман. Првпат во Прилеп воведуваме лапароскопија и хистероскопија, што претставува голем напредок во гинеколошко-акушерската здравствена заштита. Со тоа, пациентките повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други…

Повеќе

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. ОД СВР Битола апелираат граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи. Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираат дека сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или…

Повеќе

Сакам да најавам дека подготвуваме специјален финансиски пакет за проекти во Општина Струмица, кои се дополнителни средства од оние кои Владата ги префрла преку повиците коишто се случија минатата и оваа година. Така што сите подготвени проекти, кои градоначалникот по изборот ќе ги понуди, ние сме подготвени да ги финансираме затоа што за тука ќе имаме специјален пакет, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој заедно со кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков и кандидати за советници имаа теренски активности за локалните избори. „Денеска сме со активности во посета на општина Струмица. Веќе сме…

Повеќе

Дваесет и седумгодишен син на командир во ПС Тетово, брутално нападнал 42-годишен маж кој работел во Тобако, објави Телма. Според очевидци, напаѓачот прво го удрил по глава со стаклено шише, а потоа жртвата била пронајдена во ископана дупка кај објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата. Повредениот е итно пренесен во Скопје, а напаѓачот е лишен од слобода. Информацијата ја потврди и СВР Тетово.

Повеќе

На 15.10.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе