Author: Author 01

На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Повеќе

Уште една повозрасна жена падна на познатата измама со лажна сообраќајна несреќа. Како што соопшти МВР, 71-годишна скопјанка платила 36.300 евра за нејзината да оди на итна операција после наводна сообраќајна несреќа. „Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција. Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите. Се преземаат мерки за расчистување на…

Повеќе

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Будимпешта. Ова доаѓа по вчерашниот телефонски разговор кој двајцата лидери го имаа за ситуацијата со Украина, во пресрет на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата Куќа.  Според пишувањата на американските медиуми, Зеленски и Трамп ќе разговараат за перспективите за мировни преговори и евентуално снабдување на Украина со ракети „Томохавк“ со долг дострел. Трамп претходно кажа дека го предупредил Зеленски за можноста да му постави нов ултиматум на Путин: или Москва ќе седне на сериозни преговори, или Киев ќе добие модерни ракети. Меѓутоа, официјален коментар…

Повеќе

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните. „На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака општината. Сите вие кои сакате ред, почит и грижа за општината која ја заслужувате. Од друга страна се оние…

Повеќе

Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, што ќе се одржат в недела, на 19 октомври. Ѓорѓиевски ја нагласи својата визија за Скопје како град без поделби, нагласувајќи дека во текот на кампањата го посетиле секое маало и разговарале со…

Повеќе

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа одлука се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем. Како што информира Министерството за европски прашања, од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Вкупниот износ е утврден по одземањето на средствата кои се користат за порамнување на…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски грип. „Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги повикувам лицата, кои спаѓаат во ризични групи население да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или кај својот матичен лекар“, истакна при посетата министерот Азир Алиу. На ниво на држава, досега се пријавени околу 49.000 граѓани за вакцинација против сезонски грип. Првиот ден се…

Повеќе

По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. „Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена со европските вредности и стандарди за Дигитална декада 2030, но и македонската визија и нашите домашни потреби“, истакна Андоновски, додавајќи дека со неа стануваме активен дел од европската дигитална заедница која со сопствени знаења придонесува со решенија и иновации.  Стратегијата се темели на четири столба…

Повеќе

„’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“ Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката финансиска конференција во регионот „Предизвикот на промените“, која се одржува во Ровињ, Хрватска, од 15 до 17 октомври годинава, во организација на Загрепската берза и Хрватското здружение на друштва за управување…

Повеќе

Почитувани граѓани на општина Бутел, За време на следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови, вели во изјавата за медиуми на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Едниот ќе го изградиме во населеното место Радишани, поточно близу трет влез. Вториот мега парк ќе го изградиме близу булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во населеното место Бутел 1. Двата парка ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 метри квадратни.

Повеќе