Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18

    Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин

    30.10.2026 во 22:01

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни пата, едниот до Скопје и вториот од Коридор 10, преку Струмица до Коридор „Струма“ во Бугарија

    Николовски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни пата, едниот до Скопје и вториот од Коридор 10, преку Струмица до Коридор „Струма“ во Бугарија

    16.10.2025 во 15:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сакам да најавам дека подготвуваме специјален финансиски пакет за проекти во Општина Струмица, кои се дополнителни средства од оние кои Владата ги префрла преку повиците коишто се случија минатата и оваа година. Така што сите подготвени проекти, кои градоначалникот по изборот ќе ги понуди, ние сме подготвени да ги финансираме затоа што за тука ќе имаме специјален пакет, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој заедно со кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков и кандидати за советници имаа теренски активности за локалните избори.

    „Денеска сме со активности во посета на општина Струмица. Веќе сме во финалето на изборната кампања, остануваат уште два дена. Се обидовме на искомуницираме со што повеќе луѓе, да допреме до што повеќе домови, да ја презентираме нашата програма  и нашата визија која што значи економски препород на економијата, но исто така и бројни инвестиции, кои што за жал не можеа да се реализираат во изминатиов период“, вели Николоски.

    Николоски, кој е вицепремиер и министер за транспорт и врски, најави и две големи инфраструктурни инвестиции.

    „Првата е изградба на експресен пат што треба да оди од Радовиш до Струмица, како Струмица целосно би била поврзана со главниот град или со експресен пат и автопат. И втората е поврзување на двата паневропски коридори, Коридорот 10 од Македонија и Коридорот „Струма“ во Бугарија преку изградба на експресен пат кој ќе оди преку Смоквица, под Валандовско брдо, ќе излегува кај Куклиш, обиколница со Струмица, Ново Село-граница со Бугарија. Од другата страна Бугарија ќе треба да го заврши делот кој е од граница преку Петрич и спој на двата автопата. Тоа ќе значи дека голем дел од транспортот ќе се пренасочи токму преку овој спој на двата коридора“, рече Николоски.

    Кандидадот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, се заблагодари за досегашната поддршка и ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да го заокружат бројот 9 за да извојува голема победа за Струмица. 

    Прочитај повеќе

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.