Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Локалната власт сега има поддршка од централната власт, нема повеќе задолжени претпријатија и изолирани општини

    Лефков: Локалната власт сега има поддршка од централната власт, нема повеќе задолжени претпријатија и изолирани општини

    17.10.2025 во 10:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,24 Анализа“ на телевизија 24. Лефков зборуваше на темата за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека сега, локалните самоуправи имаат поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од претходно кога власта на СДС и ДУИ работеше на принципот ‘како до сега’, а според него, капиталните инвестиции се вадеа од ракав. Лефков ја наведе излезноста на локалните избори како најважен параметар.

    „Излезноста на парламентарните избори секогаш е поголема отколку на локалните избори. Ние на претходните локални избори имавме над 290 илјади гласа за советнички листи, над 320 илјади гласови кога станува збор за градоначалници“, вели Лефков.

    Лефков истакна дека локалните самоуправи имаат поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се гледа преку двата јавни повици. Тој потсети дека за време на претходната власт на СДС и ДУИ се работеше на принципот ‘како до сега’ и  како што вели тој, капиталните инвестиции се вадеа од ракав.

    „Се базираме на неколку столбови. Првиот е одговорниот однос на Владата кон локалните самоуправи. Затоа што во 7 години владеење од принципот ‘како до сега’, капиталните инвестиции се вадеа од ракав, потоа со ребалансите на буџетите истите се кратеа не ја гледаа светлината на денот. Сега општините ги добиваат капиталните проекти“, рече Лефков и додаде:

    „Второто е дека одговорното работење на градоначалниците и гледаме дека оваа кампања за локални избори за среќа не е обоена со скандали, кои што претходно можевме да ги видиме кога град на СДС и ДУИ заминуваа од власт“.

    Лефков потсети и за енергетската криза за време на претходната власт во земјава, и како централната власт се однесуваше кон локалните единици, а поконкретно го наведе примерот за комуналните јавни претпријатија, кои како што вели тој, беа оставени на слободниот пазар, а  цените за електрична енергија достигнаа 800 милиони евра што доведе до задолжување на комуналните претпријатија.

    ,,За енергетската криза се потрошија 327 милиони евра кои што потоа владата при заклучок и законот за усвојување на реализација на буџетот, беа нотирани како капитални инвестиции“, кажа Лефков.

    Според него, еден од најважните параметри на овие локални избори ќе биде излезноста, доколку таа се зголеми, ќе се зголеми и бројот на гласови.

    ,,Знаете дека еден од најважните параметри ќе биде излезноста. Доколку имавме зголемување. Зголемувањето на бројот на гласови ќе биде правопропорционално на зголемувањето на излезноста“, заклучи Лефков.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.