Author: admin_press24

Откако во вторникот на владина седница помина информацијата за утврдување на минималната плата согласно која минималната плата треба да биде зголемена за 1.800 денари, вчера Сојузот на синдикати на Македонија реагираше што ваквата одлука е донесена без договор со работниците. Од Владата велат дека овој износ е утврден согласно законските критериуми за минимална плата и дека одлуката е легитимна. За петок е закажана седница на Претседателството на ССМ на која ќе се разгледаат идните чекори што ќе се преземат, а според информациите на ССМ за тогаш е закажана и седница на Комисијата за репрезентативност. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ,…

Повеќе

Социјалната мрежа Икс е погодена од „масовен сајбер напад“. Според шефот на платформата, Илон Маск нападот бил извршен „со многу ресурси“. „Имаше (сè уште има) масовен сајбер напад против Х. Ние сме напаѓани секој ден, но ова беше направено со многу ресурси. Или е вклучена голема, координирана група и/или земја. Следиме…“, напиша Маск. Околу 40.000 корисници изјавија дека не можеле да пристапат до платформата попладнево, според податоците од веб-страницата за следење Downdetector.com.

Повеќе

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Пулс од вчера вечер се во полициска станица во Скопје, дознава Прес24 од полициски извори. Според нашите информации, тие биле повикани во полиција во текот на вчерашниот ден при што им биле одземени 5 мобилни телефони. Според неофицијални информации, една од двете жени се сомничи дека ја земала фалсификуваната лиценца од Министерството за економија. Ниту МВР ниту Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација. Од МВР потврдуваат дека се вршат претреси и дека имаат одземено телефони но без повеќе детали „ Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација…

Повеќе

Во Батајница вечерва беше одбележан денот на сеќавање на загинатите во агресијата на НАТО пред 26 години. Присутен беше и српскиот претседател Александар Вучиќ. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес, 26 години по агресијата на НАТО, има само едно чувство – неограничена гордост. „Тагата е секогаш тука, но не не поразија. Бевме нападнати од силата на 19 од нив, кои имаа околу 60 пати повеќе население, кои имаат 228 пати повеќе територија, беа 518 пати побогати од нас, но не уплашија“, рече тој на почетокот на своето обраќање. Тој истакна дека му е чест што денеска по сите тие…

Повеќе

Серија претреси се вршат во Кочани и ова утро. Како што дознава Press24 од свои извори во истрагата, полицијата од утрово ги претресува другите простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката Пулс. Нашите извори брифираат дека претреси се вршат и во просториите на Дражвниот пазарен инспекторат во Кочани.Полицијата и обвинителството се уште не споделуваат информации.Нив ги најавуваат во текот на денот.

Повеќе

Сопругата на Андреј од ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде бендот имаше настап кобната вечер на 15 март, кога избувна пожар при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и напиша емотивно стори за својата ќеркичка Јана. – Ангелски глас исто како тато…уште поискрен…славеј…напиша таа за ќеркичката. Претходно, сподели трогателен момент со нивната ќеркичка Јана. – „Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе… А и ти ми требаш мене…“, рекла малата Јана, објави Наталија во Инстаграм стори.…

Повеќе

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија. Прашањето го темели на изјави на функционери кои изјавуваат дека се дел од Кризен штаб. – „Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани (пример: посета на болни без следење на медицински протокол). Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со…

Повеќе

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 4 степени, а максимални 13 се измерени во Штип и Демир Капија. Шест степени е во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор и Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, како и 12 степени во Велес и Гевгелија. Според УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 31 литар на метар квадратен. Водниот талог е 25 литри на единица површина во Пожаране, 22 на Попова Шапка, 16 во Тетово, 13 во Охрид, 10 во Крушево…

Повеќе

Вработените во Центарот за социјални работи Тетово, денеска во 12 часот и 30 минути ќе протестираат пред зградата на институцијата поради нивната колешка која вчера беше ранета на работното место, во просториите на Центарот за социјални работи Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје беше ранета 38-годишна жена во градите. Приведен е 50-годишен маж, кој според неофицијални податоци на „Слободен печат“ имал историја на насилно поведение, прво кон својата поранешна сопруга. Осомничениот, според првични сознанија, претходно пет години ја демнел…

Повеќе

Добра вест по хоророт во Кочани кога избувна пожар во дискотеката Пулс при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во земјава, регионот и странство. Младиот Јован Костадинов од Виница кој како вистински херој спаси 21 живот од пламените јазици во Пулс, е пуштен дома од болница. – „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 21 година, постапил како вистински херој.…

Повеќе