Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски го свика советот за превенција

    Стефковски го свика советот за превенција

    27.03.2025 во 14:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес 27.03.2025 година се оддржа седница на Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба.

    На седницата, градоначалникот Бобан Стефковски ги информираше за превземените активности од страна на општина Гази Баба за вонреден инспекциски надзор над угостителските објекти и станбените згради на територија на општина Гази Баба, при што истакна дека ги уверува граѓаните дека општината ќе превземеме се што е потребно со цел да се заштити безбедноста на граѓаните!

    Дополнително, Советот за превенција се информираше и за укажувањето до општинските основни училишта за исполнување на законските обврски од областа на Заштита и спасување.

    Локалниот совет за превенција заклучи дека општинските основни училишта изминатиот период во соработка со надлежни институции, Црвениот крст и невладини организации вршеле континуирани активности за едукација на учениците за справување со ризици.

    Советот за превенција на општина Гази Баба едногласно ги донесе следните заклучоци:

    1. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба ја афирмира својата цврста заложба за обезбедување на услови за зачувување на безбедноста по здравјето на граѓаните на општина Гази Баба;

    2. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба дава поддршка на реализацијата на сеопфатните превентивни активности и мерки од областа на Заштита и спасување кои ги превзема општина Гази Баба;

    3. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба дава поддршка на секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба за спроведување на вонреден инспекциски надзор со цел утврдување на фактичката состојба за исполнување на законските обврски на сите угостителски објекти и станбени згради на територија на општина Гази Баба.

    4. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба го поддржува укажувањето доставено до општинските основни училишта, детски градинки и ЈКП Гази Баба за исполнување на законските обврски од областа на Заштита и спасување.

    5. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба превзема обврска за реализација на едукативни активности во насока на едукација на граѓаните за постапување во услови на пожар или друга несреќа.

    6. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба им препорачува на општинските основни училишта и детските градинки во следниот период да реализираат активности за едукација на учениците и дечињата за постапување во услови на пожар или друга несреќа. За исполнување на оваа препорака да се земе во предвид Протоколот изработен од СВР Скопје, Одделение за превенција.

    7. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба им препорачува на општинските основни училишта во соработка со Министерството за образование и наука да организираат едукативни активности со Комората на психолози и Црвениот крст за стручните служби во училиштата.

    На седницата присуствуваа пратениците во Собранието на Република Македонија Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска, претседателот на Советот на општина Гази Баба, членови на Советот на општина Гази Баба, директорите на општинските основни училишта и детски градинки, директорот на ЈКП Гази Баба, претставници на Македонската православна црква – Охридска архепископија, Министерството за Внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Центар за социјални работи на град Скопје, Месните и Урбаните заедници и Општинската организација на Црвениот крст на Гази Баба.

    Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во несреќата која се случи во Кочани

    Прочитај повеќе

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик, изградена пешачка патека од 1,5 километри

    17.08.2026 во 14:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.