- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. „Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за: – подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници; – подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник. Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за: – подмерка 2.1 за обележани женски говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници; – подмерка 2.8 за обележани овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници. Вистинската грижа кон земјоделецот ја покажуваме на дело“, посочија од Министерство…
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција откри дека не планира да си поднесе оставка од министерската фотелја по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а над 160 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство, откако пожар избувна во дискотеката Пулс. – Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања дали ќе поднесам оставка, но фокусиран сум на работата во министерството за здравство, рече Таравари на прес-конференција. Вели односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни и продолжува и на 1-ви, и на 2-ри и на 3-ти и на 5-ти април да ја врши функцијата…
Now burning into its 5th day, the Russian oil facility in Krasnodar once again lit the region with fresh explosions.
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) March 23, 2025
The war can be over if Ukraine is merely allowed to destroy Putin's oil industry. pic.twitter.com/ePxDpD9PJs
Пожарникарите веќе петти ден продолжија да се борат со пожарот во складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, предизвикан од напад со беспилотно летало минатата недела за кој властите ја обвинија Украина, соопшти регионалната администрација. „Еден од резервоарите и нафтените деривати во објектот е во пламен“, соопшти управата во објава на апликацијата за пораки Телеграм во неделата. Од неделата во 17 часот, површината на пожарот во депото во близина на селото Кавказска беше околу 2.000 квадратни метри (21.500 квадратни стапки), соопшти администрацијата на Телеграм. Областа на пожарот беше речиси двојно зголемена претходната ноќ по излевање на нафта. Руското Министерство за…
Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што соопшти, денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 46. На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ 8 Септември и во Свети Наум Охридски, во приватните болници осум пациенти. На лекување во странство се 115 пациенти. – Фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе…
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван Велибор Манев, еден од обвинетите. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче. Манев беше испитуван од Љупло Палевски и неговата одбрана при што му беа поставени повеќе прашања во однос на временските рамки за извршување на активностите при што посочија на неколку искази на Манев, според кои, настаните не се опишани идентично. Одговорот на Манев за причината за ова…
Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани. Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, Небојша Настов и портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи. Подвлекувајќи дека особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади,…
Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани преку Црвениот крст, во износ од по 150 000 денари. Заклучно со 22 март собрани се 51.822.579 денари преку Црвениот крст од каде денеска ќе ги соопштат преземаните активности и начинот на исплатата. Според последните информации од Министерството за здравство, од околу 200 повредени во трагедијата што се случи пред една недела, во критична состојба се пет од 115 лица кои се на лекување во странство. Во македонските болници сите 55 пациенти се во стабилна и добра состојба и се…
Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит, велат ДУИ преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост: Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели. Но молкот заврши. И сега мора да се зборува. Од првиот момент на трагедијата, додека пожарот сè уште не беше изгаснат, додека граѓаните во шок бараа одговори и надеж,…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен. Осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела. Со оглед…
