Author: admin_press24

Во Македонија утрово има поројни дождови, но за разлика од минатата недела, температурите се насекаде над нулата. Најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 2 степени, додека најтопло е во Демир Капија каде се измерени 11 степени. 5 степени во Крива Паланка, Берово, Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 7 во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 во Тетово, Претор, Виница, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Велес, 10 во Штип, Гевгелија. Најмногу дожд има во Лазарополе каде се измерени 29 l/m2, а по него и 21 l/m2 во Маврови Анови, 16 во Крушево, Попова Шапка, 12 Охрид, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор,…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Дизел горивата претходната недела поевтинија за 1,5 денари за литар, а цената на бензините остана иста, одлучи денеска . Моменталната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 74,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 76,5 денари за литар.

Повеќе

Пристигнаа првите долгорочни прогнози за летото 2025 година, а според анализите на метеоролошката служба Severe Weather Europe, Европа е во многу динамичен период. Летото може да започне со малку повеќе врнежи, но средината и крајот на сезоната носат посуви услови и поголем ризик од топлотни бранови. Кога станува збор за сезонски и долгорочни прогнози, секогаш треба да се има предвид дека тоа се трендови, а не прецизни сценарија. Постојат многу глобални фактори кои можат да влијаат на временските обрасци. Сепак, овие први прогнози даваат поглед на тоа како би можело да изгледа летото. Пред да се фокусираме на самата летна…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Радовиш каде ќе присуствува на реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш. – Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Вкупната сума за реализација на проектот за реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш е 223.075.612 денари, информираат од Владата. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани. Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!, рече Мицкоски. „Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.Вечна ти слава, Иле“, истакна Мицксоки.

Повеќе

„Тоа ќе го кажат граѓаните. Мојата цел во овој момент е целосна посветеност на развојот на Штип и реализација на проектите што ги ветивме. Секој ден работиме на подобрување на инфраструктурата, урбанизмот, образованието, спортот и сите сегменти важни за граѓаните. Верувам дека резултатите од нашата работа ќе бидат најдобриот одговор на секое изборно прашање.“ – вели Јорданов во интеревјуто за Прес24 прашан дали размислува за нова изборна трка. Прес24: Кои проекти се реализираат со парите од првиот повик на Владата за поддршка а општините? Иван Јорданов: Средствата од првиот повик на Владата се наменети за изградба на обиколницата што ќе ги…

Повеќе