Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузмановска: Со новите законски измени директно се загрозува студентскиот стандард

    (ВИДЕО) Кузмановска: Со новите законски измени директно се загрозува студентскиот стандард

    20.05.2026 во 12:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Стефанија Кузмановска, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до Министерството за образование и наука и владејачката партија, тврдејќи дека со новите законски измени директно се загрозува студентскиот стандард.

    Кузмановска истакна дека реакцијата на младите е одговор на обидите на власта да ги минимизира проблемите во високото образование.

    „Наместо да застане на страна на младите и студентите и да им помогне, криминалната ВМРО ја напаѓа младината и опозицијата, како да не ги разбираме измените на Законот. Ова не е ништо ново за ВМРО – ОКГ на која приоритет и се криминалните тендери, а не студентите кои се двигатели на иднината на државата. Откако студентите кренаа глас против политиките на ВМРО, власта панично се обидува да го минимизира проблемот.“

    Според СДММ, официјалните оправдувања за реформи на пазарот на трудот се само параван за намалување на фондот наменет за социјално загрозените студенти.

    „Со бирократски фрази и празни оправдувања за наводна „подобра прераспределба на стипендиите“ и „потреби на пазарот на трудот“, ВМРО сака да го прикаже кратењето на стипендиите као наводна реформа и грижа за младите. Младите многу добро знаат дека ВМРО ја крати можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти – оние на кои им е најпотребна. Од вкупниот број на стипендии наместо како досега 49%, сега 40% ќе бидат за студентите од социјално ранливи категории.“

    Во соопштението се наведува дека новите одредби ќе се одразат и врз сместувачките капацитети, поддржувајќи ги ставовите испратени во писмото до министерката Јаневска.

    „Со законските измени кратат и од поддршката на студентите за сместување и исхрана и свесно создаваат двокласен систем во високото образование – студенти од привилегирани семејства и студенти кои ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Затоа и реагираат младите студенти. Целосно оправдани се реакциите на студентите во писмото упатено до Јаневска.“

    Од СДММ ја обвинија министерката за затворање на вратите за дијалог со високообразовните структури, што според нив води кон зголемено иселување.

    „Оваа криминална власт ги демотивира најуспешните млади луѓе, а со кратењето на стипендиите и игнорантскиот однос директно удира врз квалитетот на образованието. Хаос се случува на државниот универзитет, а министерката Весна Јаневска нема ниту слух, ниту желба да ги слушне студентите. Тоа е вистинското лице на оваа власт – арогантна, одлепена од реалноста и неспособна да ги слушне младите, освен кога треба да ги користи за политички маркетинг. И точно како што велат студентите во писмото до Јаневска- оваа власт ги уништува студентските соништа“, го деградира високото образование и го поттикнува иселувањето на младите од државата.“

    На крајот, Кузмановска порача дека младинската организација ќе се приклучи на поширокиот опозициски фронт за остварување на стратешките цели.

    „Социјалдемократската младина на Македонија ќе продолжи гласно да се бори за достоинствен студентски стандард, за еднакви услови и вистинска поддршка за младите. Нема да дозволиме оваа криминална и расипничка власт да ни ја одземе и последната надеж за достоинствен живот во нашата татковина. Се приклучуваме на Фронтот за вистина и правда, затоа што ние младите сакаме членство во ЕУ. Тоа за нас младите и за студентите значи еднакви услови и вистинска поддршка.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.