Author: admin_press24

Најмалку две лица досега се приведени за состојбата со сметот во која беше доведен Град Скопје. Информацијата, рано попладнево ја потврди и Основното јавно обвинтиелство „По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.“ – се вели во соопштението на ЈОЧленот 230 се однесува на загрозување на животната средина и природата со отпадни материиИма 5 става.1) Тој што спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата…

Повеќе

Приведен е директорот на „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми. Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје. Попладнево се очекува приведените да заработат кривична пријава пред ЈО. Сабахaдин Рустеми беше поставен за директор на „Комунална хигиена“ на 29.01.2025 како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ. Рустеми важи за кадар близок до Блерим Беџети и како таков претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до…

Повеќе

Владата на Црна Гора денес, по итна постапка, ќе го укине безвизниот режим за државјаните на Турција, објави доцна синоќа на социјалната мрежа X премиерот Милојко Спајиќ. Тој најави интензивни разговори со Анкара за наоѓање модел во заеднички интерес и дух на сојузништво, без дополнително да ги образложи причините за мерката. Паралелно со ова, полицијата во Подгорица изведе рација во населбата Забјело и приведе околу педесет турски државјани, меѓу кои и двајца осомничени за учество во тепачка во која со нож беше ранет М.Ј. од Подгорица. Инцидентот се случил во ноќта меѓу сабота и недела во угостителски објект. За време…

Повеќе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ја оцени како „голема грешка“ изјавата на Хаќим Рамадани, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од коалицијата Вреди, кој на средба со иселеници во Хамбург рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“ и дека општините во кои Албанците се мнозинство „мора да ги води Албанец“. Мицкоски смета дека ваквиот настап им штети и на другите кандидати од коалицијата Вреди што се борат во вториот круг во повеќе општини. „Со жалење го слушнав сето она што противкандидатот на Јовица Илиевски го кажуваше во една егзалтирана состојба… Мислам дека направи…

Повеќе

Полицијата утрово спроведува силна акција против голема мрежа на перење пари и лихварство. Според неофицијални информации, МВР, преку Одделот за организираниран криминал при БЈБ и во тесна соработка со јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал утрово во обемна акција низ Скопје, се прават претреси на повеќе од 15 тина локации.Откриена е и во тек е сузбивање на силна криминална мрежа – група на лица и фирми кои переле пари и се занимавале со лихварство и останати незаконски активности.Според неофицијалните податоци се работи за околу 2 милиони евра, црни пари, кои биле внесувани во легалните финансиски текови и…

Повеќе