Author: admin_press24

„Јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево“, изјави во интервју за Алсат-М Билал Касами, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово. Запрашан дали ги омекнал ставовите за Кичево откако го искарал Мицкоски, Касами рече: – Прво не сметам дека имаше дисциплинирање. Напротив, ние треба да го имаме во предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена една таква изјава и самиот контекст во кој отпосле беше пренесена, како изјава што после целосно ја извади од суштинската идеја, кога беше дадена како таква знаејќи дека нашите опоненти се обидоа на максимум…

Повеќе

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, поднел неотповиклива оставка од функцијата за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. „На барање на мојот клиент, јавно информирам дека тој пред судијата на претходна постапка поднесе неотповиклива оставка од позицијата в.д. директор на ‘Комунална хигиена’. Станува збор за морален чин, со кој Рустеми сака да покаже дека нема намера да ја попречува истрагата на кој било начин“, изјави Алиспахиќ. Адвокатот додаде дека одлуката за оставка е донесена по консултација со бранителите, со цел истрагата да се води непречено и да се докаже дека неговиот клиент нема поврзаност…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и предложи притвор за в.д. директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и за управителот на секторот за управување со отпад во скопското комунално претпријатие Аки Саити.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје. Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Против осомничените, како што информира Обвинителство, е отворена истражна постапка поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. За ова дело запретената казна е затвор од една…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од Вреди, Хаќим Рамадани, кој повика Албанците во вториот изборен круг да гласаат здружено и заедно со луѓе од ДУИ денеска омекнува.Вели, честа му е поважна од функцијата а за преписката со Премиерот вели дека е надувана од страна на медиумите „Честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција. Работев 17 години во Општина Брвеница – мултиетничка општина, каде што живеат и работат граѓани од сите заедници. Сите што ме познаваат знаат кој сум и каков човек сум. Не ме интересира што велат порталите за кликови и провокации, особено Инфомакс, кој ја започна оваа…

Повеќе

Групацијата BALFIN продолжува со своето проширување во малопродажниот сектор, додавајќи уште еден светски познат бренд во регионот. Овојпат, групацијата го претставува данскиот бренд Flying Tiger Copenhagen, отворајќи ја својата прва продавница на Западен Балкан во East Gate Mall во Скопје. Со ова отворање, на македонските потрошувачи им се нуди свет исполнет со бои, дизајн, креативност и скандинавска едноставност – искуство кое внесува свежина и радост во локалниот малопродажен пазар. Отворањето на Flying Tiger Copenhagen во Скопје е дел од стратешкото партнерство помеѓу Групацијата BALFIN и Flying Tiger Copenhagen, со цел да се прошири брендот низ целиот Западен Балкан. Планот предвидува…

Повеќе

Скопската градоначалничка се стави во одбрана на уапсениот директор на Комунална хигиена Скопје. Таа на социјалните мрежи му се закани на премиерот Мицкоски

Повеќе

Премиерот Мицкоски најави дека ќе биде интересна разврската во Комунална хигиена давајќи изјави за медиумите„Мислам дека, мислам дека таму ќе има разврска којашто, којашто ќе биде многу интересно да ја следите. Инаку ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалниците на општина Велес, Штип, Кавадарци и Куманово за поддршката која што даваа изминативе денови со механизација за чистење на сметот во Скопје.“ – рече Мицкоски денеска.Помалку од 1 час подоцна во медиумите беше објавена информацијата дека се приведени две лица, директорот Сабахадин Рустеми и раководителот Аки Саити.И двајцата, како што објасни Обвинителството се сомничат за кривични дела поврзани со…

Повеќе

Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална хигиена е името на вториот уапсен во полициската акција попладнево, дознава Press24 од свои извори. Како што веќе објавивме, заедно со него приведен е и директорот Сабахадин Рустеми. Се гонат по член 230 од Кривичниот законик за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.Акцијата на МВР и Обвинителството следи откако Скопје со денови остана со полни контејнери што ги принуди градоначалниците да се организираат и да чистат со механизација позајмена од другите општини

Повеќе