- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
Лидерот на Левица очекувано на социјалните мрежи се фали со резултатите на Амар Мециновиќ, коментирајќи дека Орце Ѓорѓиевски во Скопје ги губел гласовите од „урбанииот народ“Кој е тој народ кој не е урбан, прашуваат граѓаните во коментари.
Иако меѓу двата круга своето конто гласови го зголеми за речи си 50%, Стевчо Јакимовски ќе мора да ја полни гајбата при селење на својата канцеларија во општина Карпош. Кој веруваше дека Лукровски може да победи во Карпош Лукровски водеше по првиот круг, но фактот што во Карпош свои кандидати имаше и СДСМ но и Левица, а и еден добро позициониран независен кандидат, само најголемите оптимисти во ВМРО-ДПМНЕ му даваа шанса на Сотир Лукровски во вториот круг.Еден од нив очигледно беше премиерот Христијан Мицкоски кој поголемиот дел од ресурсите, а може да се рече и сите со кои партијата располага…
Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага против едно лице осомничено за убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако на 1 ноември попладне, во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот свој познаник. Според информациите, осомничениот и сега починатиот Никола Тимев претходно биле пријатели и заедно седеле пред еден угостителски објект, каде пиеле. Меѓу нив настанала вербална расправија, која брзо прераснала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и черепот. Нападот траел речиси половина час, по…
Македонија сè уште нема ги усвоено потребните уставни измени со кои треба да се вклучат Бугарите во Уставот, како што беше предвидено во Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија. Во документот, во кој имаше увид Радио Слободна Европа (РСЕ), се потсетува дека земјата се обврзала да ги започне и постигне уставните измени, но процесот сè уште не е финализиран. „Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции,…
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како водечка партија во коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), го доживеа најтешкиот изборен пораз во својата политичка историја. Според првичните резултати, ДУИ победи само во четири рурални општини – Студеничани, Чашка, Липково и Пласница. Урбаните бастиони Струга и Кичево, кои со години беа симбол на нивното влијание, овојпат преминаа во рацете на коалициските партнери ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети го призна поразот: „Време е за обнова и самокритика“ Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по објавата на резултатите јавно го призна поразот, нагласувајќи дека за партијата следи период на „обнова и самокритика“.Тој сепак истакна дека ДУИ…
Месецот ноември ќе започне со променливо време и температури над просекот за овој период, но ќе заврши со вистински зимски услови и можен снег во делови од земјата. Потопол почеток на месецот До средината на првата декада, времето ќе биде претежно стабилно со сончеви периоди и умерени температури. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 18 степени, додека минималните ќе бидат меѓу 5 и 9 степени. Повремени врнежи се очекуваат околу 7 и 8 ноември, но без поголеми количини на дожд. Средина на месецот со повеќе облаци и врнежи Од 10 до 20 ноември, прогнозата најавува повремени врнежи…
Портпаролот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, кој воедно е и директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во објава на својот Фејсбук профил упати остри критики кон коалицискиот партнер ВРЕДИ, дел од владиното мнозинство. Мемов тврди дека ВЛЕН ја изиграле владејачката ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје, бидејќи не гласале за нивниот кандидат за градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме“,…
Вкупно 8 општини на овие избори добија градоначалник во борба која заврши со помалку од 100 гласа разлика. Дури 5 од нив се со под 50 гласа разлика.Најтесно беше во Зрновци каде СДСМ победи со само 12 гласа разлика. Во слична ситуација, но со 19 гласа разлика ВМРО-ДПМНЕ победи во Крушево
Хаќим Рамадани, досегашниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница, преку социјалните мрежи истакна дека од денеска е невработен, и дека бара работа само во приватен сектор. Рамадани вчера не стана градоначалник, односно неговиот противкандидат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од него, и ќе ја извршува функцијата градоначалник на Општина Брвеница. Претходно премиерот Мицкоски најави дека Рамадани ќе биде разрешен и од позицијата директор на Инспекторатот за локална самоуправа. „Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани.
