Владата на Црна Гора денес, по итна постапка, ќе го укине безвизниот режим за државјаните на Турција, објави доцна синоќа на социјалната мрежа X премиерот Милојко Спајиќ. Тој најави интензивни разговори со Анкара за наоѓање модел во заеднички интерес и дух на сојузништво, без дополнително да ги образложи причините за мерката. Паралелно со ова, полицијата во Подгорица изведе рација во населбата Забјело и приведе околу педесет турски државјани, меѓу кои и двајца осомничени за учество во тепачка во која со нож беше ранет М.Ј. од Подгорица. Инцидентот се случил во ноќта меѓу сабота и недела во угостителски објект. За време…
Повеќе