Author: admin_press24

Во бројните реакции по објавувањето на непристојните аудио снимки од кои се слуша наводно и гласот на градоначалникот на Кичево од ДУИ Фатмир Дехари, се јави и фудбалерот на Шкендија Арачиново Мергим Дани, синот на Адрита Дани, која била навредувана од градоначалникот. „Спортистите не пишуваат за политика и ова е моја прва објава. Ова е семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце. Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја, и никој нема право да го понижува со ниски зборови, а најмалку не некој како тебе. Фатмир Дехари, со…

Повеќе

Утрово најстудено со 2 степени е во Берово, додека пак најтопло е во Гевгелија со измерени 12 степени. 3 степени има во Крива Паланка, Попова Шапка, 6 во Лазарополе, Маврови Анови, Куманово, 7 во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Струмица, Виница, Штип, Крушево, 9 во Демир Капија, Претор, 10 во Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Кавадарци. Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Повеќе

Главната расправа за кривично правниот – предмет со К.бр. 1872/25 поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, информираше утрово Кривичниот суд во Скопје преку писмено соопштение „ Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска.“ – се вели во соопштението од Кривичен. „Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени…

Повеќе

Се се сведува на уставните измени ни порача Фон Дер Лајен по вчерашната посета на Македонија. – Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. -Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен. Пораката доаѓа на само неколку дена пред изборниот молк во рамки на турнејата која Претседателката…

Повеќе

Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуасо кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.Седмото интервју е на Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје (ЛЕВИЦА) ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од црните точки…

Повеќе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа соопшти дека Америка е во трговски конфликт со Кина. На прашање во врска со заканата од трговски конфликт со Кина тој категорично изјави „веќе сме во трговска војна“. Трамп во петокот најави воведување дополнителни давачки од 100 проценти за увозот од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп изјави дека Кина испратила „екстремно непријателско писмо до светот“ и вовела „масовни контроли на извозот на речиси секој производ што го произведуваат“. Трамп предупреди дека новите давачки ќе…

Повеќе

Лидерот на СДСМ Венко Филипче му порача на поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски да се изјасни дали е СДСМ или не. Тој повикувајќи се на една негова изјава дадена порано ја коментираше сликата која се појави во медиумите а на која Црвенковски е во друштво на луѓе од ЗНАМ.

Повеќе