Полскиот премиер: Ќе смислиме нови санкции кон Русија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки кажа дека Русија успеала да им одолее на санкциите, но сега Варшава разгледува други опции.

Премиерот кажа дека ќе се обиде да дејствува според договорот со Русија за да не запре испораката на рускиот гас.

„Како што можеме да видиме, Русија засега, за жал, успева доволно добро да им одолее на санкциите. Во тој поглед, Полска се обидува да организира процес за смислување на дополнителни пакети санкции“, рече Моравјецки на прес-конференција, а пренесува агенцијата ТАСС.

27.04.2022 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега