(ВИДЕО) Палевски пред новинарите: Не бев во бегство

 

Љупчо Палевски е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за првпат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Двајца полицајци го спроведуваа, а главата му беше поставена во наведната состојба со зафат познат како „полуга”.

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд кажа дека не ги сторил убиствата. Тој само одречно одговори на дека за тоа има докази дека тој не е убиецот.

По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“.

Видеото може да го погледнете ТУКА. 

21.05.2024 - 17:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега