Во Ларце, Општина Желино до 13 часот гласале 32,73 отсто од граѓаните


Во единственото избирачко место во рамки на ИЕ6 каде денес се прегласува до 13 часот гласале 32,73 отсто од граѓаните.

 Во избирачкото место 2101 во село Ларце, Општина Желино каде можност за гласање имаат 993 лица досега гласале 325 луѓе.

Вкупниот број на гласачи во Општина Желино изнесува 25.199. Државната изборна комисија на изборите на 22 мај евидентираше дека гласале 48 проценти од запишаните гласачи, односно 479 луѓе од кои девет биле беа неважечки ливчиња.

22.05.2024 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега