Перински го мерка градоначалничкото столче
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, рече дека има амбиција да биде иден градоначалник на Скопје.
Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека е убеден дека идниот градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавно ја искажав мојата амбиција за градоначалничкото место, но сепак, треба да му дадеме шанса на времето. Јас верувам дека предлогот кој ќе се даде од Мицкоски до извршните тела ќе биде најсодветното решение, и убеден сум дека тој предлог ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, но сигурно дека градоначалничкото столче би ми било голем предизвик“, рече Перински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа