Чибишев: Здравството ни е во клиничка смрт

 

Здравството во Македонија, можам да кажам, дека е во клиничка смрт. Меѓутоа новата Влада, министерството, раководителите по здравствените институции, според моите информации, се обидуваат нешто од тоа да почне да функционира.

Ова во „Наткаст“ на КУРИР со Љупчо Цветановски го истакна доктор Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија.

-Многу ниско беше спуштен дигнитетот, авторитетот на здравствените работници. На тоа ќе треба посебно да се поработи затоа што изгубената доверба многу го намали авторитетот на здравствените работници. Ни се случуваат многу непријатни, немили ситуации и во текот на нашата работа кои уште повеќе ја отежнуваат работата, рече Чибишев за „Наткаст“.

Доктор Чибишев сепак вели дека тој е оптимист дека работите ќе тргнат на подобро, посочувајќи дека сега работите во комуникацијата стојат поинаку и дека од министерството има тимови кои постојано се во контакт.

-Буџетите кои ги добивме се многу поволни. Можам да кажам дека ние го добивме буџетот кој го имавме и минатата година, иако резултатите кои што сме ги покажале во 2024-та година не се баш фантастични порад наследената ситуација. Меѓутоа Фондот покажа многу разбирање, широчина и ни остана истиот буџет да продолжиме да ја подобруваме состојбата.  Ако ние, според резултатите бевме казнети од Фондот со намалување на буџетите, што ќе беше во ред, мислам дека нема да можевме со оваа динамика како сега да одиме напред. Ни дадоа буџет со кој ние можеме нормално да функционираме и да се развиваме. Знак за тоа е што направивме неколку набавки кои во последниве 15 години не се направени, истакна Чибишев.

30.01.2025 - 21:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега