Затворен доводниот цевковод во Куманово
Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово денеска информираше дека од утрово од 05:00 часот утрово е затворен доводниот цевковод од Липково, водата со зголемена матност се испушта во канализациската мрежа. Во соопштението до медиумите, надлежните од ЈП „Водовод“ околу пет часот утрово вработените во Одделението за водоснабдувачки објекти кои своите работни задачи ги извршуваат во Фабриката за вода (Филтер станица) во Куманово забележале дотур на вода од хидромелиоративниот систем Липково-Глажња со зголемена матност од преку 10.000 NTU.
- Од страна на вработените веднаш се преземени неопходни мерки предвидени за вакви случаи, односно доводниот цевковод од Липково е затворен како не би дошло до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење. Во моментот, а пред сè заради безбедност по здравјето на населението во Куманово водата којашто е со зголемена матност се испушта директно во канализациската мрежа што ќе доведе до недостиг на вода во системот за водоснабдување, информираат од ЈП „Водовод“.
Претпријатието ги известило надлежните државни органи и општински институции и најавија дека ќе ги преземат сите мерки во соработка со институциите за безбедноста на здравјето на граѓаните на Општина Куманово.
- Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за настанатата вонредна состојба и да ја сведат потрошувачката на вода на минимум како не би дошло до поголем недостиг на вода за пиење. За сите промени со состојбата за водоснабдување граѓаните ќе бидат навремено и редовно информирани, велат од ЈП „Водовод“ Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа