Силни турбуленции на летот Лондон – Сингапур: Едно лице загина, повеќе од 30 повредени


Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.

Авионот „боинг 777-300 ер“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15.45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

„Сингапур ерлајнс“ соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. „Сингапур ерлајнс“ изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

21.05.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега