Тешка сообраќајна несреќа: Две млади лица тешко повредени

Вчера во 16 часот и 45 минути во Радовиш на булевар „Александар Македонски“  се случила тешкасообраќајна незгода.

Имено сообраќајката се случила помеѓу моторцикл „Јамаха 400“, управуван од 23- годишниот С.Б од село Коџалија, патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки ресистарски ознаки, управувано од 46- годишниот М. Т од село Воиславци и патничко возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки управувано од 58- годишениот М.А од село Габревци.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: С. Б., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница -Штип каде е задржан на лекување и сопатникот на моторциклот Е. А. (20) од село Коџалија, кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Штип е препратен во Клинички центар Скопје, каде е задржан на лекување“ стои во соопштението од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност -Радовиш.

 

 

 

 

01.04.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега