Тешка сообраќајка во Обреновац: Се судрија камион и автобус
Тешка сообраќајна несреќа во Обреновац помеѓу камион и автобус.
Во сударот загина возачот на автобусот М.Ј., а 21 лице се повредени, од кои двајца потешко, објави Блиц.
Повредените се пренесени во КБЦ „Бежанијска коса“ и во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Белград.
Според првичните информации, несреќата се случила кога камионот се вклучувал од локалниот пат, додека автобусот го задржал правецот на движење.
– Камионџијата имал дури и знак СТОП, на кој не застанал. Директно удрил во автобусот, а возачот на автобусот загинал на лице место – вели изворот на „Блиц“.
Камионџијата (50) по несреќата се обидел да побегне откако удрил во автобусот, но по наредба на Основното јавно обвинителство Обреновац брзо бил уапсен, пренесуваат тамошните медиуми.
Според неофицијални информации, тој немал алкохол во крвта, а по наредба на обвинителството повторно ќе се прави алкотестот, како и сите други нарко-тестови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа