Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба

 

Хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Проблемот со  компримираниот воздух е надминат и сервисирањето е успешно завршено, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА.

– Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, нагласуваат од Министерството за здравство.

21.05.2024 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега