Трагедија: Голем пожар во механичарска работилница- почина прилепчанец

Шеесет и пет годишниот Ѓ.А. од Прилеп го загуби животот откако вчера околу 13 часот и 50 минути избувнал пожар во автомобил во механичарска работилница во Прилеп.

Од полицијата информираат дека додека Ѓ.А. поправал автомобил „Сеат Толедо“ од непознати причини избувнал пожар во возилото, по што мажот се обидел да го изгаси, но паднал во безсознание.

Ѓ.А. бил пренесен во прилепската болница каде била констатирана смрт, а полициски екипи извршиле увид на местото.

Според првичните сознанија Ѓ.А. боледувал од срце.

 

 

 

29.11.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега