Тетовчанец измамил жена од Косово за 732 евра


Вчера во 16.35 часот во СВР Тетово, 41 – годишен државјанин на Косово пријавил дека неговата сопруга била измамена од Е.В.(45) од Тетово.

Според пријавеното, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра. Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.05.2024 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега