Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Во текот на вчерашниот ден три лица пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници во Скопје.

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Центар, Е.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Еден час подоцна во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, В.Г.(48) од с.Волково, скопско, пријавила дека на бул.„Партизански одреди “ во Скопје била касната од куче скитник.

Додека пак синоќа во 18.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(20) од Скопје пријавил дека ул.„Михаил Цоков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

21.06.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега