„NOTHAS“ предвидува дека невремето ќе почне во 16 часот - невреме се најавува и за ноќеска
Предвидувањата на системот „Nothas“ кој некоклу македонски научници заедно со ФИНКИ го направија достапен за јавноста предвидува дека невреме над западниот дел на Македонија и Скопје треба да се очекува денеска околу 16 часот со опасност од трето ниво.
Ноќеска околу 3 часот по полноќ услови за невреме ќе има во тетовскиот регион.
Група научници предводени од професорот по метеорологија Владо Спиридонов, кој две години (2017-2019) работеше и како визитинг професор на Универзитетот во Виена, успеваат да развијат нова компјутерска алатка за детекција и аларм за појава на олуи која покажува се подобри резултати.
Станува збор за НОТАС (NOTHAS – Novel Thunderstorm Alert System), алатка која е изработена во соработка со ФИНКИ и која дава навремена информација за детекција на олуи и прецизна часовна проценка за областите со појава на нестабилност со различно ниво на опасност (од маргинално односно Ниво-1 до катастрофално односно Ниво-5).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа