Бугарија ги зголемува пензиите според швајцарско правило

 


Пензиите во Бугарија ќе се зголемат за 11% од 1 јули, согласно швајцарското правило.

Ова го најави Деница Сачева од ГЕРБ, додавајќи дека буџетскиот дефицит ќе се задржи на 3%, а еврозоната останува приоритет.

Одлуката е резултат на коалициски тензии при усвојувањето на буџетот.

Првично, зголемувањето беше предвидено во два вида - 11% за пониски пензии и повисоко зголемување од инфлацијата за повисоки пензии.

 

19.02.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега