„Сакам моите синови и моето семејство да дознаат што се случи со нашата Данка“ - вели мајката на Данка
Обвинението за убиството на двегодишната Данка Илиќ е потврдено по вторпат.
Со решение на Вишиот суд во Заечар потврдено е обвинението кое го подигна Вишото јавно обвинителство во овој град против обвинетите Дејан Драгиевиќ од село Злот и Срѓан Јанковиќ од село Луке поради кривичното дело тешко убиство во соизвршување.
Таткото на Дејан Драгиевиќ, Радослав Драгиевиќ обвинителството го терети за кривично дело непријавување на кривично дело и сторител и кривично дело помош на сторителот по ивршување на криивичното дело.
Мајката на Данка Ивана Илиќ се огласи по повторното потврдување на обвинението, пишува Република.рс.
– Ова се позитивни вести, но не се добри за нас. Не може да биде добро кога не знаеме што му направиле на нашето дете, само дознавме дека е мртва. Речиси една година не знаеме каде е нашето дете. Не сакам да зборувам за нив бидејќи не можам ништо да им посакам. Сакам моите синови и моето семејство да дознаат што се случи со нашата Данка, да го најдат нејзиното тело и да можам како мајка да одам и да и запалам свеќа. Да знам само дека е спокојна и каде почива – изјави Ивана Илиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа